Ahmet Dursun
26 Септември 2016•Ажурирај: 26 Септември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Со цел да го заживеат внатрешниот пазар, банките во Иран за првпат на своите коминтенти им поделија кредитни картички, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста во иранскиот печат, кредитните картички коишто се претставени на пазарот со цел да се зајакне економијата на државата, од страна на Централната банка се лимитирани до 100 милиони ријали (2.800 долари), 300 милиони ријали (8.400 долари) и картичка со највисок лимит од 500 милиони ријали (14.000 долари).
Во веста се вели дека кредитните картички не можат да се користат во странство. Нивната намена е само во рамките на државата.
Се дознава дека само „Банка на иднината“ (Ayandeh Bank), која на пазарот со кредитни картички во Иран влезе заедно со „Националната банка на Иран“ (Bank Melli Iran), во првите два дена поделила повеќе од 12.000 кредитни картички.
Кредитните картички претходно не биле користени во Иран. Во банкарскиот систем на Иран биле користени само банкарски картички и припејд-картички.