Malik Hasa
24 Септември 2016•Ажурирај: 24 Септември 2016
ТИРАНА (АА) - МАЛИК ХАСА - Исто како и неколку други држави на Балканот, и Албанија поседува многу извори на хидрoенергија. Во оваа област работат неколку домашни и странски компании, но во последно време, влегувањето на норвешката компанија „Страткафт“ во овој сектор влијаеше да започне со работа хидроцентралата „Бања“. Изградбата на двете хидроцентрали како големи проекти на оваа компанија ги реализира познатата турска компанија „Лимак“.
Претседателот на управниот одбор на компанијата „Лимак“, Нихат Оздермир, во разговор за Anadolu Agency (AA), говореше за работата на оваа компанија во Албанија и за нејзините планови во балканскиот регион во иднина.
„Ние во Албанија работиме на два пректа за норвешката компанија ‘Страткафт’. Еден од нив е браната на 75-мегаватната хидроцентрала во Бања, која за кратко време успеавме да ја изградиме. Оваа хидроцентрала од петок почнува со производството на енергија. Нормално, изградбата на една таква брана и за една престижна светска компанија како што е ‘Статкрафт’, за нас претставува чест“, истакна Оздемир.
Оздемир рече дека над оваа брана се наоѓа уште една брана што ја гради „Лимак“. Се работи за хидроцентралата на Моглице, која има капацитет од 175 мегавати. Се интензивираат градежните работи на оваа хидроцентрала.
„Според договорот, предвидено е да ја предадеме на први јануари 2018 година. Таму имаме околу 500 работници. Се надевам дека ќе ја изградиме во предвидениот рок. Ова се двата последователни проекта во Албанија. Нормално, тие се важни бидејќи Албанија има значителен потенцијал на води со голема хидроенергетска моќ. Ако направиме споредба со оние во Турција, Албанија има двојно повеќе хидроелектрични извори“, истакна во разговорот за АА, претседателот на управниот одбор на „Лимак“, Нихат Оздемир.
Покрај овие проекти, „Лимак“ како компанија е заинтересирана за инвестициските можности во енергетскиот сектор во Албанија, гледајќи ја како земја којашто има економски развој и како земја-кандидат за влез во Европската Унија.
- „Во Скопје ќе започнеме важен инвестициски проект“
„Ние како ‘Лимак’ обрнуваме големо внимание на земјите од Балканот. Присутни сме и во Косово. Во Косово се занимаваме со дистрибуција на енергијата. Нормало, таму ќе ни треба енергија. Аеродромот во Приштина е под наше менаџирање. Исто така и во Скопје ќе започнеме важен инвестициски проект. Таму градиме еден комплекс каде што ќе има резиденции, трговски центри и слично. Му даваме голема важност на Балканот затоа што и нашите државници постојано нѐ охрабруват во ова. Поради тоа, и Албанија е дел од овие земји. Нашата работа во триаголникот Македонија-Косово-Албанија е многу важна за нашето присуство како компанија“, додаде Оздемир.
Во завршниот збор, Оздемир рече дека во Албанија, Косово и во Македонија се чувствува како дома. Меѓу другото, првиот човек на компанијата „Лимак“ истакна дека е задоволен и од компаниите со кои соработуваат, како и со работниците, напоменувајќи го фактот дека во регионот многу млади луѓе го знаат турскиот јазик.
Во меѓувреме, во петок во Албанија се одржа церемонија на поставување на камен-темелник на хидроцентралата во Бања, како дел од проектот на „Девол хидропауер-старкрафт“ (Devoll Hidropower- Statkraft). На настанот присуствуваше и премиерот на Албанија, Еди Рама, албанскиот министер за енергетика и индустрија Дамиан Ѓинкури, дипломатскиот кор во земјата, и многу други.
Според податоците на Мистерството за енергетика и индустрија, хидроцентралата „Бања“ е првото завршено дело од хидроенергетскиот проект „Деволска каскада“. Изградбата на хидроцентралата „Бања“ започна во јуни 2013 година, а се вработија повеќе од 2.000 работници.