Selçuk Buğra Gökalp
10 Јануари 2023•Ажурирај: 13 Јануари 2023
АНКАРА (АА) - Фудбалскиот клуб Барселона објави дека турската фирма „Лимак констракшн“ ќе биде задолжена за реновирање на стадионот „Камп Ноу“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шпанскиот клуб по состанокот на Управниот одбор соопшти дека се очекува работата да започне во јуни, кога завршува сезоната.
„Лимак“ е една од најголемите градежни компании во Туркије која има реализирано многу меѓународни проекти.
Петкратниот европски првак Барселона своите домашни натпревари ги игра на „Камп Ноу“. Капацитетот на стадионот е 99.354 седишта, со што е најголемиот стадион во Европа.