Stipe Mayiç
06 Мај 2016•Ажурирај: 07 Мај 2016
ЗАГРЕБ (АА) - Хрватската Паневропска унија (ХПЕУ) ја одбележа 25 - годишнината од своето постоење која е воедно и Ден на Европа со округла маса на тема „Политиката на проширување и соседство на Европската унија”. Од проширувањето не се отстапува, само тоа тече побавно, порачано е денес во Загреб, јавува Anadolu Agency (AA).
Андреј Пленковиќ, хрватскиот пратеник во Европскиот парламент (ЕП), рече дека очекува процесот на проширување на ЕУ да продолжи, но не толку брзо колку што одредени соседи на Хрватска тоа го посакуваат. Тој смета дека проширување нема да има во тековниот четиригодишен мандат, барем според изјавите на претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер.
„Нашата главна замка е дека доколку им кажеме на политичките лидери на земјите од југоисточна Европа дека во ЕУ нема да влезат 10-15 години, колку и да се трудат, испраќаме чувствителна порака до транзициските земји”, рече Пленковиќ. Додаде дека таквите пораки отвараат простор за делување на одредени други глобални актери на тие земји.
Пленковиќ предупреди дека во земјите од југоисточна Европа владее отсутност на дијалог помеѓу позицијата и опозицијата, притоа укажувајќи на актуелните демонстрации во Србија по изборите, на претходните демонстрации во Црна Гора, на состојбата на Косово, во Албанија и Македонија. Предупреди дека во некои од тие земји опозицијата на секои неколку месеци ја бојкотира работата на парламентот или има протести на улиците.
„Кога тоа некој го гледа од Финска, Шведска, Холандија, гледа дека ситуацијата не е зрела и сите ќе речат: ,Добро, нека демонстрираат уште малку па тоа ќе го средиме во некој друг мандат на Европската комисија”, порача Пленковиќ.
Пленковиќ мислењата како лост на ЕУ кон споменатите земји треба да се конкретизираат низ финансиска помош како и преку демократски и економски напредок.
„Најдобар аспект на четиригодишното проширување е приближувањето на сите земји од југоисточна Европа кон она што се нарекува економско управување на ниво на ЕУ, рече Пленковиќ.”
Тој укажа дека Хрватска во процесот на своето придружување не посветувала големо внимание на економската компонента, па оттука дури сега има изненадување во вид на прекумерен буџетски дефицит и макроекономска нерамнотежа со која се врзани тековните мерки на Европската комисија.
Бернд Поселт, претседателот на германската Паневропска унија (ПЕУ), проблемот на проширување го гледа во земјите-членки на ЕУ и за потребата на уверување на бирачите за таа потреба, а не за охрабрување без проширување.
Изјавата на Јункер дека нема да има проширување го гледа како трик и мотив за проширување.
Округлата маса воедно ја одбележува и 25-годишнината од Хрватската паневропска унија која е основана на 27-ми мај 1991 година и Денот на Европа.