Tufan Aktaş
22 Октомври 2018•Ажурирај: 23 Октомври 2018
АДИС АБЕБА (AA) - Лекарите во Етиопија му го спасиле животот на пациент откако, на општа вџашеност, од желудникот му извадиле 120 шајки, пренесува Anadolu Agency (AA).
Повикувајќи се на изјавите на лекарите, локалните медиуми од Адис Абеба објавија дека 33-годишен пациент бил примен во болница со големи болки во стомакот.
Истите извори велат дека станува збор за пациент со хронични психички проблеми, а лекарите преку снимки утврдиле дека во желудникот има одредени туѓи тела.
Во текот на два и полчасовниот оперативен зафат, лекарите од желудникот на пациентот извадиле 120 метални шајки, три игли, две чепкалки и две скршени стаклени чаши.
Хирургот Давит Теаре изјави дека операцијата била успешно изведена, и дека пациентот се опоравува во болница.