Metin Bolat
20 Јуни 2016•Ажурирај: 21 Јуни 2016
КОЊА (АА) - Лекари во турската болница успешно оперираа момче кое се жалело на болки во стомакот, а од желудникот му извадиле метална вилушка, јавува Anadolu Agency (AA).
Момчето О.А. од турскиот град Коња имал големи болки во стомакот и побарал лекарска помош во Универзитетскиот клинички центар во Коња.
Немарниот 20-годишник на лекарите им соопштил дека голтнал вилушка. Лекарите изработиле рендгенска снимка, на која е забележена вилушка долга 15 сантиметри. Лекарите хируршки ја остраниле вилушката од телото на момчето.
Хирургот Мехмет Ерикоглу на дописникот на АА му изјавил дека момчето имало среќа што вилушката ја проголтал „наопаку", така што мазната страна не направила поголеми оштетувања при минувањето низ хранопроводот.
„Имало многу случаеви на проголтани најразлични предмети, но ова е првпат да имаме случај на проголтување вилушка", рече хирургот Ерикоглу.