свет

Израелските прекршувања врз палестинските затвореници достигнаа опасни димензии

„Израел ги искористува сите услови со цел да ги изолира затворениците и да им се одмазди ним и на нивните семејства. Дури тоа се претвори во натпревар меѓу војниците и политичарите“, рече претседателот на оваа делегација, Кадри Ебубекир

Said İbicioğlu  | 07.06.2019 - Обновена : 09.06.2019
Израелските прекршувања врз палестинските затвореници достигнаа опасни димензии

ГАЗА (АА) - Делегацијата задолжена за затвореници при Палестинската ослободителна организација упати предупредување дека израелските прекршувања врз палестинските затвореници достигнаа опасни димензии, пренесува Anadolu Agency (AA).

Претседателот на оваа делегација, Кадри Ебубекир, писмено соопшти дека израелските прекршувања врз палестинските затвореници достигнаа опасни димензии без преседан, и рече:

„Израел ги искористува сите услови со цел да ги изолира затворениците и да им се одмазди ним и на нивните семејства. Дури тоа се претвори во натпревар меѓу војниците и политичарите“.

Ебубекир нагласи дека затворениците секој ден се изложени на различни напади, и дека поголемиот дел од нив се пренесуваат на други места.

Според палестинските официјални извори, во израелските затвори се наоѓаат околу 5.700 Палестинци, од кои 500 административни затвореници и 250 деца.

Се вели дека од вкупниот број затвореници 1.800 се болни, а 700 затвореници имаат потреба од постојана здравствена поддршка.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.