Gökhan Kavak
06 Јуни 2019•Ажурирај: 06 Јуни 2019
КАРТУМ
Советот за мир и безбедност на Африканската Унија (АФБ) го суспендираше членството на Судан во Унијата, откако повеќе од 100 лица загинаа при интервенцијата на безбедносните сили врз демонстрантите во главниот град Картум, пренесува Anadolu Agency (AA).
Африканската Унија на својот профил на Твитер истакна дека единствен начин да се излезе од актуелната криза во Судан е тоа цивилната власт да ја преземе власта, и дека дотогаш членството на Судан во Африканската Унија е суспендирано.
Советот за мир и безбедност на Африканската Унија (АФБ) се состана денеска за да ја оцени моменталната состојба во Судан.
- Настаните во Судан
Безбедносните сили на Судан врз демонстрантите собрани пред седиштето на Армијата употребија вистински куршуми и солзавец. Според Лекарскиот комитет на Судан, најмалку 100 лица ги загубиле своите животи.
Демонстрациите кои започнаа во Судан на 19 декември 2018 година поради економската криза, брзо се проширија и во главниот град Картум, и се претворија во демонстрации против режимот. Армијата на 11 април објави дека ја презема власта и на тој начин беше ставен крај на 30-годишниот режим на Омар ал Башир.
По преземањето на власта од страна на Армијата, демонстрантите протестираа за да се премине кон цивилна власт и преговараа со Армијата за тоа како треба да биде формирана преодната влада.