Tufan Aktaş
14 Јануари 2021•Ажурирај: 15 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседавачот со Африканската Унија и претседател на Јужноафриканската Република, Сирил Рамафоса, соопшти дека од различни компании купиле 270 милиони дози вакцини против Ковид-19 кои ќе бидат распределени во земјите низ африканскиот континент, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Рамафоса преку писмено соопштение нагласи дека 50 милиони дози вакцини ќе пристигнат во периодот од април до јуни, кои ќе бидат распределени во земјите низ овој континент од страна на Африканската Унија.
Тој информира дека 270 милиони дози вакцини ќе бидат купени од страна на компаниите „Фајзер“, „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“, и дека можно е Афрексимбанк да им обезбеди кредит на земјите членки на Африканската Унија за снабдување со вакцини.
Рамафоса нагласи дека останатиот дел од вакцините ќе пристигнат во текот на годината.
Досега во Африка откриени се 3,1 милиони случаи на Ковид-19.