Tufan Aktaş
22 Ноември 2019•Ажурирај: 22 Ноември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Африканската унија повика на прекин на колонијалното владеење на Велика Британија во архипелагот Чагос, кој припаѓа на Маврициус, и нејзино повлекување од регионот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во својата писмена изјава, Муса Факи Мухамед, шефот на Африканската комисија, рече дека се длабоко загрижени за континуираното колонијално владеење на Велика Британија во архипелагот Чагос во Индискиот Океан, кршејќи ја одлуката на Обединетите нации (ООН).
Мухамед истакна дека ќе продолжат да го поддржуваат Маврициус за да се врати независноста на регионот и потсети дека шестмесечниот период даден на Велика Британија за повлекување истече на 22 ноември.
Повикувајќи ја Велика Британија да ги почитува одлуките на Меѓународниот суд на правдата и на Генералното собрание на ОН, Мухамед од меѓународната заедница побара да го поддржи Маврициус.
На 25 февруари, Меѓународниот суд на правдата препорача Велика Британија да го врати архипелагот Чагос, кој се наоѓа во Индискиот Океан, на Маврициус.
Генералното собрание на ОН, исто така, на 22 мај од Велика Британија побара во рок од 6 месеци да ја прекине контролата врз архипелагот и да му ја пренесе на Маврициус.
По овие резолуции, Собранието на Маврициус во јули донесе одлука да го преземе архипелагот Чагос под негова власт.
- Островска Република Маврициус
Република Маврициус, една од островските земји во Индискиот Океан, стана холандска колонија во 1598 година, а потоа француска колонија во 1715 година. Маврициус со Парискиот договор од 1814 година падна под британска власт.
Велика Британија ги експлоатира овие острови 150 години. Три години пред да му дозволи на Маврициус да стане независен под притисок на ООН, Велика Британија го оддели архипелагот Чагос од Маврициус и го зеде под своја контрола.
Покрај Чагос, Велика Британија ги оддели и островите Алдабра, Фаргухар и Десроче од Република Сејшели и во 1965 година ги прогласи како дел од територијата на британскиот Индиски Океан.
Иако подоцна мораше да ги врати островите одделени од Сејшелите, Велика Британија продолжи да постои на југот на индискиот потконтинент во кој има вкупно 2.300 островчиња.
Во 1966 година, Велика Британија им го позајми островот Диего Гарсија, најголемиот корален остров на архипелагот Чагос, на својот сојузник САД на 50 години.