?kipa
22 Ноември 2019•Ажурирај: 23 Ноември 2019
РАМАЛА (АА) - Израелските сили интервенираа врз Палестинците кои сакаа да протестираат во окупираниот Западен Брег против еврејските населени места и Sидот на поделбата (Sидот на срамот), при што бројни лица беа погодени од солзавец, јавува Агенција Анадолија (АА).
Група Палестинци во подрачјето на Кефр Кадум во градот Наблус и во подрачјето на Суриф во близина на градот Хеброн (Ел Халил), кои се наоѓаат на Западниот Брег, одржаа демонстрации со цел протест против илегалните еврејски населени места и Sидот на поделбата.
Израелските сили интервенираа со солзавец и звучни бомби против демонстрантите, додека Палестинците возвратија со камења.
Десетици Палестинци беа погодени од солзавецот фрлен од страна на израелските војници.
Израелската администрацијата во 2002 година, по Втората интифада во 2000 година во Палестина, започна со изградба на Sидот на поделбата меѓу Западниот Брег и Израел поради безбедносни цели. Поради Sидот на поделбата, околу 3 милиони Палестинци на Западниот Брег не можат да преминат во окупираниот Источен Ерусалим и во Израел.
Израелските војници со вистински и гумени куршуми, солзавец, и со канализациски води интервенираат врз демонстрациите што се одржуваат секој петок против изградбата на илегалните еврејски населени места и Sидот на поделбата.