Ayhan Mehmet
14 Февруари 2021•Ажурирај: 15 Февруари 2021
АТИНА
Полицијата интервенираше во текот на протестите во Атина, организирани против мерките воведени со цел спречување ширењето на новиот вид на коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Стотици граѓани се собраа на Плоштадот Синтагма каде се наоѓа и зградата на Парламентот.
Полицијата, која ги предупреди демонстрантите да се разотидат, интервенираше со солзавец откако ја одбија наредбата.
Приведени се некои од членовите на групата кои извикуваа „не на маските" или „оставка на владата".
Истата група организираше демонстрации со слични барања и пред околу три месеци.