Alaattin Doğru
14 Февруари 2021•Ажурирај: 22 Февруари 2021
ПАРИЗ
Мигрантите во кампот на северот на Франција поради ниските температури на воздухот ја палат облеката за да се стоплат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мигрантите во четири провинции на северот на земјата се борат за преживување поради температурите што паѓаат и до минус 16 степени.
Службениците на хуманитарната невладина организација „Утопија 56“ (Utopia 56), кои редовно им помагаат на речиси 500-те мигранти што престојуваат во импровизираниот шаторски камп во градот Гранд-Сент во северниот регион, изјавија дека на тоа подрачје се чувствува силен мирис на пластика и дека луѓето ја палат облеката за да се стоплат.
Властите наведоа дека во кампот имало само еден резервоар за вода, но дека водата не можеле да ја обезбедат бидејќи цевките се смрзнати веќе два дена.
Целта на мигрантите е премин на Ла Манш на северот на Франција до Велика Британија.