Fatma Esma Arslan
14 Февруари 2021•Ажурирај: 14 Февруари 2021
ДАКАР
Министерот за правда на Сомалија, Абдулкадир Мухамед Нур, упати сочувство поради 13 турски државјани кои биле убиени одс трана на терористичката организација ПКК во подрачјето на Гара во Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Нур на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави порака за сочувство на турски јазик, користејќи ги и знамињата на Сомалија и Турција.
„Жртви на тероризам се стотици илјади невини деца на Сомалија која исто како Турција со години води борба против терористичкото зло. Затоа, како Сомалиец длабоко ја чувствувам и споделувам болката на турскиот народ. Сочувство до пријателскиот и братски турски народ. Милост за нашите шехиди“, напиша Нур.