Muhammed Ali Toruntay
14 Февруари 2021•Ажурирај: 14 Февруари 2021
АНКАРА
Турските сили неутрализираа 3 терористи на терористичката организација ПКК кои биле во обид за бегство со парамотори во местото Гара кое се наоѓа во северниот дел на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Турција.
Во соопштението се истакнува дека терористите на ПКК биле неутрализирани преку вооружени беспилотни летала.
„Нашите вооружени беспилотни летала неутрализираа 3 терористи на ПКК кои биле откриени во местото Гара во северниот дел на Ирак кои биле во обид за бегство со парамотори. Бројот на неутрализирани терористи во ова подрачје се зголеми на 53“, се додава во ова соопштение.