Muhammed Boztepe
14 Февруари 2021•Ажурирај: 15 Февруари 2021
АНКАРА
Турските сили запленија бројно оружје и муниција во пештерата во Гара во северниот дел на Ирак во која 13 турски државјани, цивили, биле крвнички убиени од страна на терористичката организација ПКК, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение објавено на социјалните мрежи ја потврди Министерството за одбрана на Турција.
„Во пештерите во Гара каде нашите цивилни граѓани биле крвнички убиени од страна на терористичката организација ПКК која е непријател на човештвото, запленет е голем број оружје и муниција на терористите“, се наведува во ова соопштение.
Во објавата на социјалните мрежи се споделени фотографии од оружјето и муницијата.