Levent Harman
21 Февруари 2016•Ажурирај: 21 Февруари 2016
МАРДИН (АА) - Членовите на терористичката организација ПКК киднапираа тројца новинари на Anadolu Agency (АА) во местото Нусајбин во турската југоисточна провинција Мардин.
Терористите ја киднапираа репортерската екипа на АА којa минатата недела беше задолжена да известува од Нусајбин.
Беа киднапирани новинарот Рауф Maлтас (1985), фоторепортерот Онур Кобан (1980) и снимателот Кенан Јесилјурт (1983).
Новинарите беа киднапирани пред два дена за време на снимањето во населбата Јенишехир и оттогаш терористите ги држат на непозната локација. Одземена им е целата опрема под изговор дека "не добиле одобрение од ПКК за да снимаат."
Станува збор за искусен тим на новинари кои се обучени во областа на военото новинарство и кои досега известуваа за настаните од кризните региони во Авганистан, Египет, Либија, Тунис, Јемен, Сирија и други земји.