Haydar Karaalp
20 Ноември 2020•Ажурирај: 20 Ноември 2020
БАГДАД (АА) - Турскиот амбасадор во Багдад, Фатих Јилдиз, истакна дека Турција нема територијални претензии кон Ирак и дека е поддржувач на единствен Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Амбасадорот Јилдиз одговори на изјавите на лидерот на шиитската милиција, Кајс-ел-Хазали, дадена за државната телевизија на Ирак.
Јилдиз, на својот на профил на социјалните мрежи истакна:
„Се обраќам до менталитетот кој мисли дека Турција има територијални претензии кон Ирак. Со неосновани обвинувања што ги создадовте во вашиот сопствен свет сакате да го повлечете вниманието од тие што всушност имаат претензии кон суверенитетот и територијалниот интегритет на Ирак. Јалово се обидувате Турција да ја вовлечете во тоа. Турција е поддржувач на целосен и единствен Ирак. Оваа вистина најдобро ја знае народот на Ирак. Не можете да го измамите ирачкиот народ“.