свет

Германија: Во напад со нож повредени 4 лица, од кои едно лице е во тешка состојба

- По нападот што се случи синоќа и за кој засега не се познати причините, полицијата привела лице за кое се сомнева дека е извршител на нападот.

Mesut Zeyrek  | 20.11.2020 - Обновена : 20.11.2020
Германија: Во напад со нож повредени 4 лица, од кои едно лице е во тешка состојба Фото: Архива / АА

КЕЛН 

Во германскиот град Оберхаузен, кој се наоѓа во покраината Северна Рајна-Вестфалија, извршен е напад со нож во кој се повредени најмалку четири лица, од кои едно лице е потешко повредено, известува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите што ги објавија локалните медиуми, по нападот што се случи синоќа и за кој засега не се познати причините, полицијата привела лице за кое се сомнева дека е извршител на нападот.

Германската полиција не даде официјална изјава во врска со настанот, а според вестите објавени во локалните медиуми, и лицето за кое постои сомневање дека е извршител на нападот, пренесено е во болница со повреди.

По инцидентот, со зголемување на безбедносните мерки во градот, полициско засилување е испратено и во градот Есен.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın