Alaattin Doğru
20 Ноември 2020•Ажурирај: 23 Ноември 2020
ПАРИЗ
Во Франција една од земјите најпогодени од коронавирусот (Ковид-19) во Европа, предизвика паника појавата на птичјиот грип во уште еден град, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за земјоделство во соопштението базирано на Националниот орган за здравствена безбедност (Anses) наведе дека по островот Корзика птичјиот грип е откриен и во живинарска фарма во градот Ивлин и дека се усмртени стотици пилиња.
Во изјавата се наведува дека експертите од „Anses“ се обидуваат да ги утврдат врските меѓу двете епидемии.
Од друга страна, владата нареди да се зголемат националните мерки за да се спречи ширењето на грипот на другите животни во регионот.
На почетокот на ноември во земјата, беше донесена одлука живината во 45 региони мораше да се стави карантин или да се заштити поради ризикот од тоа преселните птици да не го носат птичјиот грип. На пазарите беше забранета продажба на живина а исто така беше забрането и ловењето.
Во региони на југозападна Франција милиони живини беа усмртени во две епидемии на птичји грип во зимата 2015-2016 и 2016-2017 година,.
Епидемиите во земјата предизвикаа штета од милиони долари на приходите од извозот.