Haydar Hadi
17 Октомври 2017•Ажурирај: 18 Октомври 2017
БАГДАД (AA) - Премиерот на Ирак Хаидар ал Абади изјави дека во сите делови на земјата треба да се виорат знамињата на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
На конференцијата за медиуми во седиштето на Владата на Багдад, ал-Абади рече дека нелегитимниот референдум за независноста на Регионалната курдска управа на северот на Ирак е дел од минатото.
„Функционерите на Регионална курдска управа на северот на Ирак претходно ги предупредив дека референдумот првенствено ќе нанесе штета на интересите на Курдите. Референдумот е завршен и тој сега е дел од минатото. Знамето на Ирак им припаќа на сите Ирачани", рече ал-Абади.
Истакна и дека не сака не сака да влегува во било каква граѓанска војна во земјата.
„Нема да влегувам ниту во било каква граѓанска војна во земјата", порача премиерот на Ирак, додавајќи дека и понатаму ќе остане посветен на федералното уредување на земјата како што и претходно во повеќе наврати истакнуваше.
Нагласи на крајот дека ги предупредил сите страни да не се нанесува било каква штетна на граѓаните на Киркук.
„Издадов предупредување да не се нанесува штета на жителите на Киркук", рече ал-Абади, и додаде дека треба да се престане со провокативните активности во Киркук и во другите спорни региони.
Откако синоќа ја презедоа контролата во градот Киркук, ирачките безбедносни сили, утрово го заземаа и нафтното поле Баи Хасан кое се наоѓа северознападно од градот.
Киркук е град со нерешен административен статус уште од американската инвазија на Ирак, а упориште на новата безбедносна и политичка криза стана откако Регионалната курска управа на северот на Ирак на 25. септември го спроведе нелегитимниот референдум за независност.