Yunus Okur,Cüneyt Çelik
11 Февруари 2021•Ажурирај: 12 Февруари 2021
КАРС
Азербејџанскиот министер за одбрана, Закир Хасанов, истакна дека Турските вооружени сили (ТСК) се една од најсилните армии во светот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Хасанов, во своето обраќање на воената вежба „Зима 2021“ на Турските вооружени сили (ТСК) и Азербејџанските вооружени сили, која се одржува во Карс, истакна дека се многу среќни и горди што реализираат вежба со Турција.
Наведувајќи дека вежбата е спроведена со цел да се обезбеди соработка и координација и да се тестираат можностите за операции при снежни услови и силен студ, Хасанов рече:
„ТСК е една од најсилните армии во светот. Со братската земја имаме силна соработка. За нас е важно да го користиме искуството на ТСК. Историјата, религиите и цивилизациите претставуваат длабоко вкоренети врски меѓу двете земји. Изразот ‘Една нација, две држави‘, искажан од нашиот лидер Хајдар Алиев, и денес со надеж продолжува под водството на нашите претседатели. Нашите претседатели имаат голем придонес во продолжувањето на братските односи меѓу двете земји.“
Хасанов, потсетувајќи дека во 44-дневната војна Азербејџан стави крај на окупацијата на територијата од страна на Ерменија, рече дека Турција во оваа војна била на страната на Азербејџан.
- „Целиот свет виде дека нашето братство е непоколебливо“
Хасанов изјави дека Турција на Азербејџан му дала политичка, морална и дипломатска поддршка.
„Турција со тој став на светот му ја даде следната порака: Турција е покрај Азербејџан. Целиот свет уште еднаш виде дека единството, братството меѓу Турција и Азербејџан е непоколебливо и вечно. Тоа што Турција беше покрај нас, нѐ направи погорди и ни даде сила. Искористувајќи ја таа моќ, ги ослободивме нашите територии кои беа окупирани. Сакам да ѝ се заблагодарам на Турција за големата поддршка“, потенцираше Хасанов.
Тој истакна дека битката во Нагорно Карабах уште повеќе ги зајакнала односите меѓу Турција и Азербејџан.
„Војниците на Азербејџан и Турција учествуваа на парадата на плоштадот „Азадлик“. На овој историски ден, народот на Азербејџан, носејќи ги знамињата на Турција и Азербејџан, ја истакнаа својата поддршка. Пожелувам и зимската воена вежба да помине добро и ви честитам на сите. Сигурен сум дека нашето братство, единство и нашите односи ќе продолжат како и досега“, додаде Хасанов.