Sayed Khodaiberdi Sadat
11 Февруари 2021•Ажурирај: 12 Февруари 2021
КАБУЛ (АА) - Најмалку 31 талибански милитант е убиен во воздушна акција на подрачјето на покраината Белх, во западниот дел на Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Командата на 209. Корпус е наведено дека авганистанските сили извршиле воздушна акција врз камп на талибанците во регионот Ак-Тепе.
Наведено е дека во воздушната акција се убиени најмалку 31 талибанец, меѓу кои и талибански официјални претставници.
Од редовите на талибанците сѐ уште не се огласија за нападот.