Ekipa
31 Јули 2017•Ажурирај: 31 Јули 2017
КАБУЛ (АА) - Пред Амбасадата на Ирак во Кабул експлодира автомобил-бомба по што следуваа истрели од огнено оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
Од локалната полиција потврдија дека нападот сѐ уште трае. Нема информации за можни жртви.
Полициски официјални лица изјавија дека автомобилот-бомба експлодирал пред амбасадата.
Вооружениот напаѓач потоа се обидел да влезе во зградата, која се наоѓа во центарот на главниот град на Авганистан.
Размената на оган сѐ уште е во тек, изјави сведокот кој ги слушнал истрелите.
Ниту една терористичка група или вооружена формации ја нема презедено одговорноста за нападот, иако слични напади претходно вршеа талибанците и припадниците на ДЕАШ.