Ayşe Aktaş
31 Јули 2017•Ажурирај: 01 Август 2017
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Во источниот дел на Индија, во сојузната држава Ориса, удари од гром предизвикаа смрт на 11 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјален претставник на сојузната држава Ориса изјави дека во различни предели на земјата, удари од гром предизвикаа смрт на 11 лица, додека 8 лица се повредени.
Меѓу починатите, најголем број се работници на оризови полиња, додека едно лице починало откако гром го погодил дрвото под кое се засолнил.
Почнувајќи од месец јуни, во земјата во тек се монсунски врнежи од дожд, кои предизвикаа поплави, урнаа голем број куќи, а во овој период стотици луѓе ги загубија своите животи од удари на гром.
Во Гуџарат, Раџастан, Асам, Утар Прадеш и останатите сојузни индиски држави, десетици илјади лица се евакуирани и префрлени во безбедни подрачја.
Во периодот од јуни до септември во Индија владее периодот на монсуните, во кој поради удари од гром секоја година умираат голем број лица.