Eşref Musa
16 Октомври 2021•Ажурирај: 17 Октомври 2021
АНКАРА (АА) – Терористичката организација ДЕАШ доцна синоќа ја презеде одговорноста за смртоносниот напад врз џамијата во јужната авганистанска покраина Кандахар, во кој починаа најмалку 47 лица, а ранети беа десетици, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Нападот на шиитската џамија Фатимија го извршија двајца бомбаши самоубијци“, се наведува во соопштението што терористичката организација го објави на социјалните мрежи.
Бомбашкиот напад беше извршен во текот на џума-намазот (петочната молитва на муслиманите) во најголемата џамија во покраината.
Во бомбашкиот напад извршен минатата недела врз џамијата во Кундуз, за кој одговорноста исто така ја презеде терористичката организација ДЕАШ, починаа 46 лица.