свет

Либан: Приведени 19 лица поврзани со пукањето во Бејрут

Безбедносните сили благодарение на снимките од сигурносните камери идентификувале одредени вооружени лица, по што се приведени 19 лица за кои е утврдено дека се поврзани со судирите

Zeynep Hilal Karyağdı Duran  | 16.10.2021 - Обновена : 17.10.2021
Либан: Приведени 19 лица поврзани со пукањето во Бејрут Фото: Houssam Shabaro/AA

БЕЈРУТ (АА) – Најмалку 19 лица се приведени поради пукањето што се случи вчера во Бејрут, главниот град на Либан, јавува Агенција Анадолија (АА).

Како што наведува либанската државна новинска агенција ННА, судот побарал од безбедносните единици да спроведат истрага во врска со вооружените судири во Бејрут.

Безбедносните сили благодарение на снимките од сигурносните камери од тоа подрачје идентификувале одредени вооружени лица, по што се приведени 19 лица за кои е утврдено дека се поврзани со судирите.

Не се објавени податоци за приведените лица.

Најмалку шест лица починаа, а 32 лица беа повредени во четиричасовното насилство во Бејрут, главниот град на Либан, по пукањето што започна во четвртокот во текот на протестите на следбениците на Хезболах и движењето Амал, во близина на Палатата на правдата.

Стотици следбеници на двете шиитски групи се собраа за да побараат разрешување на Тарек Битер, судијата кој ја водеше истрагата за смртоносната експлозија на пристаништето во Бејрут, минатата година.

Во заедничката изјава што ја дадоа Хезболах и групата Амал, „вооружената група“ поврзана со партијата на Либанската сила, која ја води Самир Геагеа, е обвинета дека стои позади овој напад.

Протестот започна неколку часа откако судот ја отфрли тужбата против судијата и му дозволи да ја продолжи истрагата.

Во експлозијата на пристаништето во Бејрут во август 2020 година починаа повеќе од 200 луѓе, повредени беа околу 6.000, а околу 300.000 останаа без покрив на главата. Исто така, при експлозијата е нанесена огромна материјална штета и дополнително е ослабната веќе слабата економија на Либан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın