Ahmet Gençtürk
16 Октомври 2021•Ажурирај: 18 Октомври 2021
АНКАРА (АА) – Убиството на британскиот пратеник од Конзервативната партија, Дејвид Ејeмс, во Есекс, Велика Британија, е прогласено за терористички напад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Вишиот национален координатор за борба против тероризмот, заменик на помошникот на комесарот Дин Хајдон, официјално го прогласи нападот за тероризам“, соопшти Метрополската полиција.
Во соопштението се додава дека 25-годишниот Британец осомничен за убиство, кој е уапсен на местото на настанот, се наоѓа во притвор во полициската станица во Есекс.
Полицијата верува дека напаѓачот делувал сам и не бара друго лице поврзано со убиството.
Во соопштението се наведува дека во согласност со истрагата полицијата врши претреси на две адреси во подрачјето во Лондон.
Ејмес почина вчера, откако беше избоден со нож на состанокот со гласачите во Есекс. Напаѓачот му нанел на Ејмес повеќе убодни рани.
Ејмес беше пратеник од 1893 година во изборните единици Басилдон и Саутенд Вест.