Sayed Khodaiberdi Sadat
21 Септември 2020•Ажурирај: 23 Септември 2020
КАБУЛ (АА) - Најмалку едно лице загина во двоен бомбашки напад во Кабул, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на авганистанската полиција, Фердевс Фарамарз, соопшти дека две силни експлозии одекнале утринава во петтата и осмата зона на Кабул.
Тој изјави дека во двојниот напад е убиено едно дете, а дека уште најмалку три лица се ранети.
Досега никој не презеде одговорност за нападот.