Riyaz Khaliq
21 Септември 2020•Ажурирај: 22 Септември 2020
ПЕКИНГ
Кина денес испрати уште еден поморски сателит во вселената, објавија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Новиот сателит за надгледување на морето и окените е лансиран од Центарот за лансирање сателити „Џјиучјуан“ на северозападниот дел на Кина“, извести новинската агенција „Синхуа““.
Кинеската ракета „Лонг марш-4Б“ го носеше сателитот „Хаијанг-2Ц“ (HY-2C), кој полета околу 13:40 часот по локално време.
Тоа е трет кинески поморски сателит што ќе се придружи на претходните сателити „ХЈ-2Б“ за извршување на особено прецизен надзор на поморското опкружување.
Тоа беше воедно и 347. лансирање од ракетната сесија „Лонг марш“. Минатата недела Кина во вселената испрати најмалку девет сателити.
Сателитите од групата „Џјилин-1 Гаофен 03-1“ полетаа од Жолтото Море. Кина исто така го испрати набљудувачкиот сателит „Гаофен-11 02“ во орбитата со ракетата носач „Лонг марш-4Б“. Ќе се користи за мапирање во склоп на кинеската амбициозна иницијатива „Појас и пат“.