Emel Gözellik
21 Септември 2020•Ажурирај: 21 Септември 2020
ЊУ ДЕЛХИ
Во Индија се урна четирикатница. Во несреќата животот го загубија најмалку 10 лица, а 11 се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во главниот град на индиската држава Махараштра, кој во исто време е и финансиски центар на земјата, во раните утрински часови во подрачјето Тане се сруши четирикатница.
Сатја Прадхан, претседателот на Националните сили за реакции при катастрофи, информираше дека во несреќата до која дошло поради уривањето на зградата животот го загубиле најмалку 10 лица, а 11 се повредени.
Тој додаде дека спасувачките екипи се обидуваат да допрат до 20 односно 25 лица што останале под урнатините на зградата.
Поројните монсунски дождови, особено во периодот јуни - септември, се причина за често уривање на старите и слаби згради во Индија.