Sayed Khodaiberdi Sadat
18 Јуни 2022•Ажурирај: 19 Јуни 2022
КАБУЛ (АА) - Две лица загинаа во бомбашки и вооружен напад на храмот на сиките во Кабул, главниот град на Авганистан, известува Агенција Анадолија (АА).
Абдул Нафи Такур, портпаролот на Министерството за внатрешни работи на талибанската администрација, изјави дека во утринските часови е извршен напад на храмот на хиндуси и сики на подрачјето Карт-и Перван.
Такур додаде дека во акцијата се неутрализирани напаѓачите, а во нападот животот го загубиле припадник на сиките и припадник на талибанците. Ранети се 7 лица, а среде нападот изгорел и дел од храмот.
При експлозијата оштетени се околните станбени објекти.
Очевидците наведоа дека нападот е изведен во тек на верскиот обред.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.