Fatma Esma Arslan
18 Јуни 2022•Ажурирај: 21 Јуни 2022
ДАКАР - Најмалку едно лице загина во нередите што избувнаа во текот на антивладините протести што опоизцискиот лидер Оусман Сонко и неговите поддржувачи ги одржаа во Дакар, главниот град на Сенегал, известува Агенција Анадолија (АА).
Протестите се организирани поради одлуката на уставниот суд на Сенегал која не дозволува учество на изборите на Сконковата коалициска кандидатска листа - Слобода на народот.
И покрај забраната за одржување на предизборни собири, демонстрантите се собраа пред плоштадот Обеликс, по што дојде до судир со полицијата.
Демонстрантите бараа оставка на сенегалскиот претседател Маки Сал, а во текот на немирите се ограбени повеќе продавници.
Опозицискиот лидер Сонко е градоначалник на Зигиншор и на изборите закажани за 31. јули сака да влезе во парламентот на Сенегал. Сонко ја најави и својата кандидатура за претседателските избори во 2024 година.