Yaser Arafat Mohamed Albanna,Gülşen Topçu
18 Јуни 2022•Ажурирај: 19 Јуни 2022
ГАЗА - Израелски авиони нападнаа подрачје во централниот дел на Газа, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на израелската војска се наведува дека авионите го гаѓале подрачјето на Бригадите „Изедин ал Касам“, вооруженото крило на Хамас, но деталите не се објавени.
Нема информации дали има настрадани.
Нападот е изведен по соопштението дека Израел соборил ракета лансирана од Газа.