свет

Авганистан: Во оружен напад загинаа 5 лица

Пет лица смртно настрадаа во оружениот напад извршен во подрачјето на Мејвенд, кое се наоѓа во авганистанската јужна покраина Кандахар

Sayed Khodaberdi Sadat  | 21.05.2018 - Обновена : 21.05.2018
Авганистан: Во оружен напад загинаа 5 лица

Afghanistan

КАБУЛ (АА) - Пет лица смртно настрадаа во оружениот напад извршен во подрачјето на Мејвенд, кое се наоѓа во авганистанската јужна покраина Кандахар, јавува Anadolu Agency (AA).

Началникот на полицијата во Кандахар, генералот Абдул Разик, во изјава за АА истакна дека непознати вооружени лица ги нападнале работниците кои работеле на чистење мини во местото Маланг Кариз во ова подрачје.

Разик информираше дека во нападот загинале пет работници, додека напаѓачите киднапирале еден работник.

Тој ги обвини Талибанците за овој напад.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın