свет

Во Шведска запален месџид

Магнус Карлсон, од службата за спасување, во изјава за ова радио истакна дека е откриено оти едно лице влегло во месџидот, и намерно предизвикало пожар.

Atila Altuntaş  | 21.05.2018 - Обновена : 22.05.2018
Во Шведска запален месџид

Stockholms Lan

СТОКХОЛМ (АА) - Запален е месџид (просторија за верски обреди) со капацитет од 200 лица во градот Хеслехолм, кој се наоѓа во шведскиот јужен округ Сконе, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста на Државното радио на Шведска, како резултат на пожарот, настаната е голема штета во месџидот, кој функционира во рамките на Исламското културно здружение во Хеслехолм.

Магнус Карлсон, од службата за спасување, во изјава за ова радио истакна дека е откриено оти едно лице влегло во месџидот, и намерно предизвикало пожар.

Карлсон нагласи дека пожарот е изгаснат за кратко време, но, како што рече тој, настаната е голема штета во месџидот.

„Изразуваме големо жалење поради оваа катастрофа што се случи во месецот на постот Рамазан, период кога муслиманите извршуваат најмногу молитви“, истакна претседателот на Исламското културно здружение во Хеслехолм, Исмаил Дараги, во изјава за официјалната новинска агенција на оваа земја.

Дараги рече дека 200 лица во Рамазан останаа без месџид. Тој нагласи дека веќе 12 години живее во Хеслехолм, и дека за прв пат се случува ваков случај.

Според соопштеното, нема жртви или повредени во пожарот, а започната е опсежна истрага за фаќање на сторителите на овој акт.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın