Sayed Khodaiberdi Sadat
19 Март 2020•Ажурирај: 20 Март 2020
КАБУЛ
Во напад на талибанците врз полициска станица во Авганистан загинаа тројца полицајци, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на полициската управа во Кундуз се наведува дека нападот е извршен во Кан Абад.
Во нападот загинаа тројца полицајци, а во судирот што следуваше убиени се четворица талибанци, додека тројца се ранети.
Талибанците не дадоа никакво соопштение во врска со настанот.