Mustafa Melih Ahıshalı
19 Март 2020•Ажурирај: 19 Март 2020
ИСТАНБУЛ
Во Иран, како последица на новиот тип коронавирус починаа уште 149 лица, со што вкупниот број на починати порасна на 1.284, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џаханпур, соопшти дека во последните 24 часа во земјата како последица на коронавирусот Ковид-19 починаа 149 лица, јави државната телевизија.
Со тоа вкупниот број на починати е зголемен на 1.284, додека бројот на заразени е поголем за 1.046 и изнесува 18.407.
Џаханпур изјави дека оздравеле 5.979 лица.
Новиот тип коронавирус во Иран се појави на 19 февруари, во градот Ком, а потоа во многу краток временски рок се прошири низ целата земја.