свет

Авганистан: Во напад на талибанците загинаа 20 припадници на безбедносните сили

Министерството за одбрана на Авганситан соопшти дека милитантите во последните 24 часа извршиле напад во 24 покраини

Sayed Khodaiberdi Sadat  | 23.10.2020 - Обновена : 24.10.2020
Авганистан: Во напад на талибанците загинаа 20 припадници на безбедносните сили

КАБУЛ (АА) - Во напад на талибанските милитанти врз воена караула во подрачјето на Хашруд во авганистанската западна покраина Нимруз загинаа 20 припадници на безбедносните сили, јавува Агенција Анадолија (АА).

Џелил Ватандост, управител на областа во Хашруд, во изјава за медиумите истакна дека милитантите извршиле оружен напад врз воена караула во местото Дехмезенг во Хашруд.

Ватандост нагласи дека во нападот смртно настрадале 20 безбедносни службеници, додека 6 војници се киднапирани и задржани како заложници од страна на милитантите.

Талибанците сѐ уште не дале изјава околу случајот.

Од друга страна, Министерството за одбрана на Авганситан соопшти дека милитантите во последните 24 часа извршиле напад во 24 покраини.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın