Анализа на вести, свет

АНАЛИЗА - Со агресивната политика Ерменија се изолира во подрачјето на Јужен Кавказ

Целта на Ерменија е да ја ослаби моќта на азербејџанската војска и Нагорно Карабах да го претвори во Сирија, со цел да го спречи ослободувањето на овој регион

Rıza Talebi  | 23.10.2020 - Обновена : 26.10.2020
АНАЛИЗА - Со агресивната политика Ерменија се изолира во подрачјето на Јужен Кавказ

ИСТАНБУЛ (АА) - РИЗА ТАЛЕБИ -

Ерменија, со цел да ја легализира и продолжи окупацијата на Нагорно Карабах, особено во последниот конфликт, доби медиумска поддршка од сојузниците од Истокот и Западот, воена и политичка помош, направи кампањи против Турција и Азербејџан и користи различни тактики и измами како изведување ракетни напади врз азербејџанските цивили во зоните кои се далеку и близу конфликтната зона, како Ордубад и Генџе, но и покрај сето тоа, сите показатени се насочени кон тоа дека азербејџанските сили постигнуваат успех во спасувањето на своите територии.

Генџе има стратешка и многу важна позиција како некогашен главен град на Народна Република Азербејџан. Денес Генџе е втор град по големина и важност во Азербејџан. И покрај тоа што овој град е многу далеку од окупираниот Нагорно Карабах, Генџе беше цел на ерменските ракети бидејќи е важен и близок до линиите за пренос на јаглеводороди на Азербејџан кон Турција и Европа.

Ракетите од руско потекло од типот „Елбрус“ или „Скуд“, кои извесно време беа користени од страна на Садам Хусеин за бомбардирање на иранските градови, преку оптимизација на боевите глави може да ги уништи и целите кои се далеку. Ерменската војска, користејќи вакви оружја од руско потекло, има за цел да го исплаши народот преку напаѓање на азербејџанските населени места и цивили. Исто така, Ерменија, со цел војната да ја повлече кон азербејџанските територии кои не се окупирани, сака да ги испровоцира азербејџанските сили со цел тие да ги погодат ерменските позиции надвор од Нагорно Карабах.

Покрај овој напор кој е отворено воено злосторство, азербејџанската војска усвои една стратегија фокусирана на легалност, само на уништување на одбранбено-офанзивните позиции на окупаторите во Нагорно Карабах. Беспилотните летала со напредна технологија „Бајрактар“ дадоа тежок и остар одговор против убивањето на цивилите на нечовечки начин од страна на Ерменија. Според веродостојни меѓународни медиуми, азербејџанската војска досега никогаш не ги таргетираше цивилите, и покрај провоцирањата на Ерменија, избегна да покажува реакција која не е човечка, и има за цел да се движи само во окупираните територии.

Ерменската војска, покрај Генџе, го таргетираше и градот Ордубад во Автономната Република Нахчиван. Целта на овој напад беше да се повлече Турција во воено поле, бидејќи според Договорот од Москва, Турција е земја гарант. Затоа, каков било напад во Нахчиван од страна на некоја трета земја, можно е дека ќе предизвикаше турска реакција и интервенција. Овој непредвидлив чекор на Ериван не му понуди ефективно образложение за да побара помош од своите руски и француски сојузници и нив да ги повлече во воено поле.

Една друга измама на Ерменија и нејзините сојузници е тоа што објави вести во врска со присуството на сириските борци во Нагорно Карабах и отвори психолошка војна против Турција. Освен оцрнувачките пропаганди на ерменските, иранските и руските медиуми кои покажуваат таканаречени докази во врска со тоа дека овие борци даваат поддршка на Вооружените сили на Азербејџан, не постои ниту еден доверлив документ и доказ на меѓународно ниво. Еден ерменски функционер како одговор на прашањата на новинарите во оваа насока успеа да го истакне само тоа дека безживотните тела на овие борци биле изедени од диви свињи.

Овие неподдржани тврдења беа изнесени во времето кога Ерменија ги повика терористите на АСАЛА, ЈПГ и ПКК да започнат герилска војна во окупираниот Нагорно Карабах. Овој регион се смета за соодветен за активностите на овие три терористички групи поради минираните зони и планините кои се тешки за преминување.

Целта на Ерменија е да ја ослаби моќта на азербејџанската војска и Нагорно Карабах да го претвори во Сирија, со цел да го спречи ослободувањето на овој регион. Покрај тоа, специјалните сили на азербејџанската војска успеаја да ги поразат терористичките сили на АСАЛА, како и старите и уморни војници на Владата на Нагорно Карабах. Спасувањето на градот Џебраил од терористите на АСАЛА е доказ за оваа состојба. Дури и поддршката на сојузниците од Истокот и Западот не го спречи поразот на Ерменија во Нагорно Карабах. И покрај тоа, одредени медиуми ги изобличуваат случувањата во Нагорно Карабах.

Медиумите кои објавуваат вести на персиски јазик во и надвор од Иран, се обидуваат овој судир да го покажат како војна помеѓу Ерменија и Турција, и го игнорираат правото на Азербејџан за одбрана на својот теериторијален интегритет. Од друга страна, постојат голем број вести дека руските оружја, поминувајќи од Махачкале во Ензели, па оттаму преку граничниот премин Нордуз, биле испратени во Ерменија.

И покрај тоа што идеалите на Уставот и на системот на Исламската Република укажуваат на важноста на потребата за поддржување на муслиманите, особено шиитите, иранската држава влезе во парадокс против прашањето на Карабах или можно е дека го променила својот пристап. Оваа парадоксална состојба се забележува и во прашањето за Ујгурите. Ерменија, и покрај малото население и многу слабиот пазар, секогаш беше во фокусот на интерес на Иран поради својата позиција на патот кој води од Турција кон Јужен Кавказ. Изјавите на иранските владини функционери, како и на имамите на петочните молитви (џума намаз) во зоните каде што претежно живее турското население, имаат за цел контролирање на чувствата на граѓаните од турско потекло во земјата.

Изолацијата со која се соочува на Кавказ поради молчењето на Русија и погрешните политики на Иран, го ублажија ставот на дипломатските власти на оваа земја. Протестите на Турците во Иран организирани во Тебриз, Техеран и во другите градови може да се покажат како втор фактор за промената на изјавите на иранските власти.

Оваа можност која ја доби азербејџанската војска по речиси 30 години е многу важна. Различни фактори како незадоволството на Москва од Владата на Никола Пашинјан, слабоста на иранската економија, пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), голем број проблеми со кои се соочи Русија во врска со Белорусија, Киргистан и Литванија, прашањето за Навални, како и брзиот пад на рубљата, го отворија патот на азербејџанската војска кон ослободување на значаен дел на окупираниот Карабах со поддршка на Турција. Азербејџанската војска ја покажа својата воена доминација против својот авантуристички сосед, и покрај тоа што земјите како Франција ја поддржаа Ерменија.

Азербејџан моментално, со привременото примирје постигнато за размена на трупови и заложници, наспроти Владата на Пашинјан, прашањето сака да го реши без да им наштети на цивилите. Радикалните и идеолошки ставови на ерменскиот премиер, како и ракетните напади на ерменската војска врз цивилните населени места, се соочија со соборувачкиот одговор на Азербејџан. Ако се земе предвид убивањето на голем број ерменски војници, како и смртоносните удари на воздухопловните сили на Азербејџан во окупираниот Нагорно Карабах, во блиска иднина можеме да очекуваме промена во пристапот на администрацијата на Ериван кон прашањето на Нагорно Карабах.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın