Sayed Khodaiberdi Sadat
17 Јуни 2020•Ажурирај: 19 Јуни 2020
КАБУЛ
Во напад на Талибанците на воен пункт во Акча, во авганистанската покраина Јовзјан, загинаа 12 припадници на безбедносните сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Кабинетот на гувернерот на Јовзјан, Абдул Маруф Азар, изјави дека нападот е извршен на Бала Хисар, во централниот дел на Aкча.
Азар додаде дека загинале 12 припадници на безбедносните сили, додека петмина се ранети. Според неговите зборови, Талибанците заробиле четворица.
Во судирот кој следувал по нападот, убиени се петмина милитанти, а десетици се ранети. Тој додаде дека на местото на нападот е упатен додатен број единици кои успеале да ги натераат Талибанците на повлекување.
Талибанците не упатија соопштение во врска со овој случај.