Zehra Ulucak
17 Јуни 2020•Ажурирај: 17 Јуни 2020
ЊУ ДЕЛХИ
Во Индија, во изминатите 24 часа се регистрирани 2.003 смртни случаи кои се поврзуваат со Ковид-19, со што вкупниот број на починати достигна 11.903, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на НДТВ (NDTV), Министерството за здравство на Индија соопшти дека ненадејниот раст на смртни случаи се поврзани со случаите во Махарастхри кои беа изоставени.
Во соопштението се наведува дека во истиот период се потврдени 10.974 нови случаи на заразување со Ковид-19.
Според последните податоци, во Индија бројот на заразените се зголемил на 354.065, додека излекувани се 186.935 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.