İdris Okuducu
06 Март 2019•Ажурирај: 07 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Меѓународната организација за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ (HRW) истакна дека ирачките власти ги принудуваат децата осомничени дека се терористи на ДЕАШ да ги признаат злосторствата, а за да признаат врз нив се врши тортура, пренесува Anadolu Agency (AA).
Извештајот на „Хјуман рајтс воч“ (HRW) e изготвен на 53 страници под наслов „Секој мора да признае: Во Ирак се кршат правата на децата осомничени дека се поврзани со ДЕАШ“. Во извештајот се наведува дека Централната влада на Ирак и на Регионалната курдска управа во северен Ирак (IKBY) вршат злосторство врз децата осомничени за поврзаност со ДЕАШ.
„Приведените деца се малтретирани и принудени да ги признаат злосторствата, и по брзиот неправичен процес на судење се казнуваат со затворска казна“, пишува во извештајот и се додава:
„Уапсените деца осомничени дека се поврзани со ДЕАШ, стравуваат да се вратат дома, затоа што по приведувањето директно се етикетирани дека припаѓаат на ДЕАШ. Тоа пак, доведува незаштитените деца да бидат изложени на одмазднички напади. Децата приведени од Регионалната курдска управа кога ќе се вратат во областите контролирани од страна на централната власт на Ирак, се плашат дека пак ќе бидат приведени од федералните сили. Етикетирањето на децата дека се поврзани со ДЕАШ придонесува да бидат постојано настрана од семејствата и општеството.“
Во извештајот објавени се и изјавите на Џо Бекер, директор во „Хјуман рајтс воч“, кои истакнува: „Децата кои се приведуваат под обвинение дека припаѓаат на ДЕАШ, се малтретирани за време на притворот. Оваа метода на казнување не е правда. Ќе придонесе да има лоши резултати во животот на овие деца.“