Eşref Musa,Burak Karacaoğlu,Levent Tok
06 Март 2019•Ажурирај: 07 Март 2019
ИДЛИБ (АА) - Силите на режиот на Башар ал Асад и терористичките групи поддржани од Иран, во Сирија продолжуваат со нападите врз цивилните населби кои се наоѓаат во границите на „Подрачјето за намалување на тензиите во Идлиб“. Во нападите животот го загубија 4 цивили, а ранети се 17, јавува Anadolu Agency (AA).
Режимот на Асад и терористичките групи поддржани од Иран спроведуваат топовско гранатирање врз местата Хан Шејхун, Серакиб и Џисир еш Шугур, селата Хан ес Субул и Нејреб во подрачејто на Идлиб, селата Латамине, Морик и Кефер Зита во северните, и селата Хавиз, Рас ел Ајн, Хавиџе и тврдината Мадик во западните рурални делови на Хама.
Директорот на Цивилната одбрана на Идлиб („Бели шлемови“), Мустафа Хаџ Јусуф, изјави дека силите на режимот во областите на Идлиб и Хама, со повремени прекини, спроведуваат интензивни напади врз цивилното население.
Хаџ Јусуф го изнесе следниот податок: „Во југоисточниот дел на Идлиб, по попладневните часови се спроведуваат напади. Во нападите животот го загубија 4 цивили, од кои едно лице загина во Џисир еш Шугур, две во Нејреб и едно во Хан ес Субул, а 17 цивили се ранети“.
Режимот на Асад и терористичките групи поддржани од Иран, прекршувајќи го договорот од Сочи, од почетокот на годината досега, во нападите од воздух и копно врз цивилните населби во границите на „Подрачјето за намалување на тензиите во Идлиб“ убија 109 цивили, а повеќе од 327 лица се ранети.
Иако Турција и Русија во Сочи потпишаа договор за обезбедување прекин на огнот во Идлиб, силите на режимот со повремени прекини продолжуваат со своите напади. Според договорот од Астана, Русија, која е гарант на режимот на Асад, има обврска да ги спречи нападите на режимот на Асад.
Воената опозиција во Сирија, во согласност со договорот што го потпиша на 17 септември 2018 година, на 10 октомври 2018 година од подрачјето го отстрани сето тешко оружје.