Elena Trenchevska Chekovic
22 Октомври 2025•Ажурирај: 23 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) - Тројца цивили, од кои две деца, загинаа во ноќното и утринското руско гранатирање врз Киевската Област, соопшти Државната служба за вонредни ситуации на Украина, пренесува Анадолу.
Нападите погодија неколку подрачја, а најголема штета е пријавена во заедницата Зазимија, каде што спасувачите продолжуваат да пребаруваат низ урнатините.
Службите за вонредни состојби продолжуваат да работат на местото на настанот.
Русија ја започна својата „специјална воена операција“ во Украина во февруари 2022 година за „денацификација“ и „демилитаризација“ на Украина.
Според нејзиниот меморандум за решавање на конфликтот, Москва побара забрана за приклучување на Киев кон воени сојузи и повлекување на украинските трупи од Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон, регионите што ги анектираше по референдумот во септември 2022 година.
Украина ги нарече условите „ултиматум“ и повика на прекин на огнот како предуслов за преговори.