Islam Uddin
22 Октомври 2025•Ажурирај: 22 Октомври 2025
АНКАРА (АА) - Јапонската Влада денес соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник ќе пристигне во Јапонија во тридневна посета, јавува Анадолу.
Главниот секретар на Кабинетот, Минору Кихара, изјави дека за време на посетата Трамп ќе се сретне со царот Нарухито и новоизбраната премиерка Санае Такаичи, објави „Кјодо њуз“.
Трамп треба да ја посети Јапонија првпат по речиси шест години.
Такаичи, која победи на трката за лидер на владејачката Либерално-демократска партија на 4 октомври, официјално стана прва жена премиер на Јапонија вчера, наследувајќи го Шигеру Ишиба.
„Посетата на претседателот Трамп е исклучително значајна можност за натамошно зајакнување на јапонско-американскиот сојуз“, рече Кихара, додавајќи дека Владата на Такаичи „искрено го поздравува“ патувањето.
Во понеделникот Трамп изјави дека ќе се сретне со кинескиот претседател Си Ѓингпинг во Јужна Кореја „за неколку недели“.
Тој, исто така, се осврна на своето патување во Азија оваа недела, велејќи: „Ќе бидам во Малезија, ќе бидам во Јапонија, ќе бидам на уште неколку други места.“
Во меѓувреме, Малезија треба да биде домаќин на самитот на АСЕАН, блокот на Југоисточна Азија, од 26 до 28 октомври, на кој се очекува да присуствуваат Трамп и неговата делегација.