свет

Трамп телефонски разговараше со индискиот премиер Моди, во фокус трговијата

„Разговаравме за многу теми, но најмногу за светот на трговијата“, изјави Трамп од Овалната соба

Ekipa  | 22.10.2025 - Обновена : 22.10.2025
Трамп телефонски разговараше со индискиот премиер Моди, во фокус трговијата

АНКАРА (АА) - Индискиот премиер Нарендра Моди денес изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи тоа дека тоа бил „одличен разговор“, јавува Анадолу.

„Ти благодарам, претседателе Трамп, за телефонскиот повик и за топлите честитки по повод празникот Дивали“, напиша Моди на платформата на американската компанија за социјални медиуми Х.

Хиндуистичкиот празник на светлината Дивали беше прославен вчера низ цела Индија.

„На овој празник на светлината нека нашите две големи демократии продолжат да го осветлуваат светот со надеж и да стојат обединети против тероризмот во сите негови форми“, додаде индискиот премиер.

Американскиот претседател Трамп, пак, потврди дека имале „одличен разговор“, нагласувајќи дека двете страни разговарале главно за трговијата.

„Разговаравме за многу теми, но најмногу за светот на трговијата“, изјави Трамп од Овалната соба.

Тој додаде дека Моди не планира да купува големи количини нафта од Русија и дека сака војната меѓу Русија и Украина да заврши исто колку што тоа го посакува и Вашингтон.

Од 2022 година Индија значително ги зголеми набавките на поевтината руска сурова нафта, станувајќи еден од најголемите енергетски партнери на Москва и покрај санкциите од Западот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.