Ömer Tuğrul Çam
15 Декември 2020•Ажурирај: 16 Декември 2020
БРИСЕЛ (АА) – Лице облечено во костум на Дедо Мраз ги посети старечките домови во Белгија и предизвика 118 лица да се заразат со новиот вид на коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите во белгиските медиуми, син на лице кој живеел во дом за стари лица во близина на градот Антверпен, облечен во костум на Дедо Мраз, ги посетил жителите на старечкиот дом за да им даде морална поддршка пред Божиќните празници.
Некои од жителите на старечкиот дом кои имале контакт со „Дедо Мраз“ на минатонеделната посета, почнале да покажуваат симптоми на Ковид-19.
На почетокот беше информирано дека се заразени 45 лица, но таа бројка постепено почна да се зголемува.
Властите подоцна соопштија дека до сега со коронавирусот се заразени 98 лица кои живеат во домот за стари лица, и 20 лица кои работат во домот.
Тие исто така додадоа дека ваквата посета е забранета според мерките донесени за борба против епидемијата.
На фотографиите кои се појавија од денот на посетата се гледа дека голем број на лица не носат маски.