Две ракети ги погодија воздухопловната база Киркук и куќа во Ирак
Досега ниедна група не ја презеде одговорноста за нападот

БАГДАД (АА) - Две ракети ги погодија ирачката воздухопловна база Киркук и една куќа доцна синоќа, при што нема жртви и не е предизвикана материјална штета, според ирачки безбедносен извор, јавува Анадолу.
„Една ракета падна помеѓу првата и втората писта на воздухопловната база во Киркук“, соопшти официјалната новинска агенција на Ирак, повикувајќи се на неименуван безбедносен извор.
„Другата погоди куќа во населбата Ал-Оруба во покраината Киркук“, додаде изворот.
Двете ракети беа идентификувани како проектили од типот „Катјуша“.
Досега ниедна група не ја презеде одговорноста за нападот.