Haydar Hadi
18 Јануари 2018•Ажурирај: 21 Јануари 2018
БАГДАД (AA) - ХАЈДАР ХАДИ - Во Багдад, главниот град на Ирак, внимателно се чуваат историските автомобили што ги користеле последните османлиски гувернери, пишува Anadolu Agency (AA).
Историските автомобили сведочат за минатото на Багдад во османлискиот период, а се ставени под заштита на Општина Багдад и се наоѓаат на паркингот од општинската зграда.

Заедно со автомобилите коишто гувернерите на Осмалиското царство ги користеле како службени возила помеѓу 1904 и 1917 година, исто така, под заштита се и автомобилите на државните службеници од кралството и периодот на првата република. Некои од овие автомобили, кои во минатото се движеа низ улиците на Багдад, мора да минат низ сериозна поправка. Јавноста не може да ги види автомобилите, поради безбедносната ситуација во земјата. Некои од возилата се занемарени поради незаинтересираноста на луѓето на владејачките позиции, по 2003 година.
Говорејќи за дописникот на АА, одговорното лице за историски дела на Општина Багдад, Адил Ардави, рече дека некои од овие 26 автомобили се од османлиската ера.

Ардави изјави: „Автомобилите од 1904 и 1917 биле користени за време на периодот на гувернерите на Багдад, Ебубекир Хазим и Сулејман Назиф-паша. Овие автомобили се наше наследство од тоа време, а може да станат достапни по обновувањето. Овие автомобили се ретки возила од тој период“.
Ардави изјави дека автомобилите во Ирак не се достапни за јавноста поради ситуацијата во Ирак по 2003 година, а Општината Багдад изјави дека подготвува проект за отворање музеј во кој овие автомобили ќе бидат прикажани на јавноста.